Зајакнувањето на тимот не претставува само играње на чудни игри и правење будала од себе затоа што шефот тоа го побарал. Таквите настани не се само забава, бидејќи има безброј подобри начини да се забавувате отколку да го поминете викендот со колеги кои можеби ви одат на нерви. Градењето на тим е многу повеќе од тоа! Станува збор за развој на вештини кои можете да ги примените во вашата секојдневна работа, ослободување на креативноста и искористување на скриените резерви на мотивација. Кога се поврзувате со вашите колеги на подлабоко ниво, се зголемува вашата меѓусебна доверба, и се зголемува иновативниот капацитет на вашата компанија.

Според мене, иако звучи парадоксално, градењето на тим помалку се однесува за „ние“, а повеќе за „јас“. Ваквите работилници се фокусираат на лична трансформација, што пак води до подобри перформанси на тимот. Личниот раст на вработените ќе го зајакне нивниот капацитет ефективно да придонесат за успехот на тимот, што на крајот ќе го подобри работењето на цела организацијата.

Ако вие како менаџер очекувате дека за еден викенд ќе се случат драстични промени и вашиот тим значително ќе зајакне, морам да ве разочарам. Сум видел менаџери кои вложуваат многу пари, носејќи ги своите вработени еднаш годишно во луксузни хотели на егзотични локации. Лично им подготвуваат скара, пеат караоке, се обидуваат да бидат нивни најдобри другари на ден или два, и сето тоа со цел да го компензираат тоа што им го загорчувале животот, во останатите 363 денови од годината. Во такви случаи, работилниците за зајакнување на тимот се чисто губење време.

Како фацилитатор на настани за градење тим, мојата цел е да ги инспирирам менаџерите долгорочно, а нивните вработени да го анализираат сопственото однесување, да размислуваат за позитивни промени во нивните ставови и да ги мотивирам да тргнат на бесконечно патување за самооткривање и личен развој.

Ако се согласувате дека градењето тим е стратешка инвестиција во личниот раст на вашите вработени, ќе ми биде задоволство да ве придружувам на ова трансформативно патување.