За кого?
Оние кои се стремат да станат независни обучувачи или фасилитатори на групни настани во рамките на нивните организации.
За што се работи?
Оваа програма создава идни обучувачи, кои ги мотивира да напредуваат во совладување на уметноста на ефективна комуникација и фацилитирање. Тие се здобиваат со сеопфатен сет на вештини и знаења за дизајнирање, реализација и евалуација на програми за обука. Се запознаваат со принципите за учење на возрасни, методологиите за обука и техниките за ефективно фацилитирање. Дополнително, учесниците стекнуваат сознанија за идентификување на потребите за обука, приспособување на содржината за разновидна публика и управување со групната динамика. Исто така тие ќе стекнат вештини за поттикнување активно учество и задржување на вниманието на слушателите.