Зошто би ме ангажирале?

Верувам дека доза на хумор и вистински интерес за луѓето можат да ја претворат и најформалната деловна конференција во пријатно и незаборавно искуство. Освен давање содржински придонес на различни теми, секогаш се трудам заедно да создадеме амбиент каде што секој говорник се чуствува почитуван и секој учесник го напушта настанот инспириран. Сметам дека кај модерирањет на конференција не се работи само за управување со агендата или најавување на говорниците, туку за креирање на приказна која ќе се памети. Значи ако ви е потребен модератор, кој покрај професионалниот, додава и свој личен печат, тука сум да помогнам.