За кого?
Професионалци во улога на лидери и менаџери во различни индустрии, како и за поединци кои немаат формална лидерска позиција, но препознаваат дека лидерските квалитети се неоходни во било која сфера.

За што се работи?
Учесниците добиваат увид во ефективната комуникација, принципите на лидерството, стратегиското одлучување и управувањето со тимот. Тимските лидери и проект-менаџерите ќе се стекнат со алатки за инспирирање и мотивирање на своите тимови, и поттикнување на позитивна работна култура со високи перформанси. Преку интерактивни сесии, учесниците ќе се оспособат да донесуваат добри одлуки и ефективно да водат.

Дополнително, овој курс им овозможува на поединци без формална лидерска титула, автентично да ги отелотворат нивните лидерски квалитети и да развијат капацитет да инспирираат и позитивно да влијаат на своите колеги, партнери и клиенти.