Извалкај се, но остани чист
Што е покриено со нечистотија, но секогаш останува чисто? Сапун.
Да се биде чист како „сапун“ во овој динамичен, безмилосен свет е вистински предизвик. Како може човек да плива со ајкули или да танцува со волци без да се извалка? Во корумпирани општества, постигнувањето успех помалку се заснова на заслуги, а повеќе зависи од тоа дали си на вистинското место во вистинско време. Во таков систем, познанствата (know-who) се далеку поважни од знаењето (know-how). Етичките стандарди често се превртени наопаку; ако не се занимаваш со измами и си ги плаќаш обврските на време, те доживуваат како слаб бизнисмен. Ако не ја владееш уметноста на поткупување, не добиваш тендери и те сметаат за наивен, и старомоден, залутан во ова современото време. Не си снаодлив.
За некои, таквото опкружување служи како совршено алиби за да ја прифатат таа игра и да им се препуштат на коруптивните активности, оправдувајќи го тоа со „нема друг начин“ или „абе ајде, сите го прават тоа; да не треба да бидам поголем католик од папата?“. Мантрата „Чесните луѓе се будали“ е толку распространета што оние што се држат до етиката почнуваат да се сомневаат во својот разум. Младите се почесто се прашуваат: „Зошто да инвестирам во напорна работа и образование кога инстант слава и луксузен живот се стекнува со влегување во води на инфлуенсерство или продавање голи фотографии на интернет?“
Други реагираат на оваа реалност со апатија, престануваат да се борат и наместо да го искористат својот потенцијал, тие стануваат или сосема неактивни, или се задоволуваат со работа која е далеку под нивото на нивните можности. Некои од нив се самозалажуваат и се тешат со оправдувања од типот „Можеби сум сиромашен, но барем мирно спијам“, а други ја нагласуваат својата морална супериорност критикувајќи ги успешните.Лесно е да се бидеш неизвалкан во некој тибетски манастир или ако живееш како пустиник во оддалечена планинска пештера, но како да останеш чист и доблесен, а истовремено да бидеш продуктивен? Дали е изводливо да ја поседуваш снаодливоста на Волкот од Волстрит додека ја одржуваш невиноста на едно дете и го одржуваш недопрен твојот интегритет? Можно ли е да имаш извалкани раце (од работа), но сепак да останеш чист?
What gets covered in dirt but always stays clean? Soap.
Navigating life as a ‘soap’ in this dynamic, merciless world poses the question: How can one swim with sharks and dance with wolves without getting dirty? Achieving success in a realm of corruptive crony capitalism, where triumph is less about merit and more about being at the right place at the right time, is a formidable challenge. In such system, know-who is by far more important than know-how. Ethical standards have been turned upside down; if you don’t cheat and you pay your bills on time, you’re perceived as a poor businessman. If you’re unfamiliar with the art of bribing, you end up without a contract, seen as naïve, outdated, and ill-suited for contemporary times.
Се разбира, јас сум убеден дека е можно. Еве неколку стратегии за постигнување на таа рамнотежа помеѓу прифаќањето на предизвиците и ангажирањето во општеството, со истовремено зачувување на етичките принципи и вредности:
- Дефинирајгитвоитевредности – Првиот чекор во навигација низ матните води на секојдневието без да се изгубиш себеси е да имаш јасно разбирање за сопствените вредности и принципи. Размисли за вредностите како корени на дрво; само оние со длабоки, цврсти корени ги издржуваат најжестоките ветрови. За кои аспекти на твојот карактер за кои не може да се преговара и за кои одбиваш да направиш компромис? Овде не станува збор за вредностите кои некогаш ги нагласуваме само затоа што звучат добро и секој сака да ги чуе. Дали навистина ги живееш своите вредности, дали практикуваш интегритет, искреност, сочувство и почит? Дали овие принципи се столбовите врз кои се засноваат твоите одлуки и постапки, обезбедувајќи да останеш верни на твоето вистинско јас дури и кога си под притисок? Дали би прифатил добра понуда за работа од компанија чии производи се во спротивност со твоите вредности? Или да започнеш профитабилен бизнис во областа на нездрава храна, алкохол или цигари? Дали би купил евтини очила за сонце знаејќи дека се украдени? Или да преземеш филм од интернет без да платиш за авторски права?
- Унапреди ги твоите вештини – Поседувањето вештини од светска класа ти отвора повеќе врати. Настојувај да бидеш најдобар во својата област, наместо едноставно да стекнеш диплома само затоа што таа го прави твоето CV да изгледа добро. На Лука Дончиќ, Новак Ѓоковиќ или Пеп Гвардиола не им треба да испраќаат биографија за да добијат работа; нивната извонредност зборува сама за себе. Но не мора ди си од нивна класа. Биди најдобар таксист на светот. Најдобар листач на улици, или овчар. Вештините ја зголемуваат самодовербата, а со неа ќе имаш моќ да му кажеш НЕ на шефот кој те понижува или на политичките партии кои од тебе очекуваат неразумни компромиси. Ако имаш вештини нема да бидеш принуден да прифатиш било каква работа од очај само за да можеш да ги плаќаш своите сметки. Со својата самодоверба ќе бидеш подготвен самоуверено да одговориш на непристојните понуди од типот „Земи или остави“. Само луѓе со исклучителни вештини можат да си дозволат да ги заменат своите шефови. Останатите се лесно заменливи.
- Инвестирај во својот личен развој – Надвор од професионалните вештини, континуирано инвестирај во својот личен развој. Учењето од сопствените искуства, размислувањето за сопствените постапки и отвореноста за промени се клучни за одржување на твојот интегритет. Личниот развој значи стекнување подлабок увид за себе и подобро разбирање на светот, што пак ти овозможува подобро да се снајдеш во него.
- Со кој си таков си – Опкружи се со луѓе кои ги делат твоите морални вредности. Микрокосмос составен од луѓе што ти даваат поддршка не само што ти нуди насоки и мудрост, туку ти служи и како морален компас во тешки времиња. Таквите врски можат да бидат извор на сила, потсетувајќи те на важноста да останеш чист и да го одржуваш твојот интегритет дури и кога ти се случува хаос.
- Негувајготвоетовнатрешнодете – Барај убавина во сè и чувај ја твојата внатрешна чистота и чувството на чудење што доаѓа со детскиот дух. Гледањето на светот низ детски очи била една од тајните зад успехот на легендарниот Пикасо, кој рекол: „Ми требаа четири години за да можам да сликам како Рафаел, но цел живот за да сликам како дете“.
- Don’t be too harsh on yourself – The dirty hand also means that if you work, you will make mistakes. You will not avoid some dusts; no one is a saint. However, when slip-ups occur, don’t let them discourage you, it just means you’re a human. It’s never too late to make your future clean, regardless of your past mistakes.
- Небиди престрог кон себе – Извалканата рака исто така значи дека ако работиш, ќе направиш и грешки. Нема да избегнеш некои нечистотии; никој не е светец. Меѓутоа, не дозволувај грешките да те обесхрабрат, тоа само значи дека си човек. Никогаш не е доцна да ја направиш својата иднина чиста, без оглед на грешките од минатото.
Ако не можеш да бидеш сапун, земи го лотосовиот цвет како свој пример.
Лотосот опстојува е во каллива бара, каде што водата на површината воопшто не се движи. Опкружен со кал и нечистотија, би му било лесно да се жали и да го користи опкружувањето како изговор да биде извалкан! Меѓутоа, таму во темнината, лотосот учи да црпи хранливи материи од истата таа, користејќи ги за да го поттикне својот раст. И така расте, полека се издигнува над површината на водата, ја оттргнува матната вода од себе, додека цветот се отвора во чистиот воздух, конечно ослободувајќи се од суровиот подводен живот.
Затоа, не дозволувај нечистотијата од твојата околина да те проголта или да ги диктира твоите стандарди. Наместо тоа, учете од неа, црпи инспирација и искористи ја како храна за да еволуираш во подобра верзија на себе. Изложи ги сите твои прекрасни ливчиња на сонцето, откриј ја твојата вистинска суштина и покажи му ја твојата убавина на светот.
На здравје!