Зошто би ме ангажирале?

Со повеќе од 25 години искуство во економски развој, мои примарни области на делување се локален/регионален развој, кластери на Мали и Средни Претпријатија (МСП) и претприемништво, главно фокусирајќи се на управување со проекти, развојна политика, градење капацитети и олеснување на стратешките процеси.

Како независен (freelance) консултант, имам учествувано во повеќе проекти како тим лидер, проектен координатор, клучен меѓународен експерт и краткорочен консултант. Мојата меѓународна кариера вклучува дизајнирање и реализирање програми за обука и презентации за приватни компании, јавни институции и невладини организации во повеќе земји – Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина (БиХ), Бугарија, Грузија, Германија, Грција, Ерменија, Хрватска, Јордан, Косово, Киргистан, Молдавија, Србија, САД и Црна Гора.