Биди паметен, користи го својот потенцијал​Да се ​​биде паметен не е исто со интелигентен. Паметниот човек разбира на кој начин функционира светот и се прилагодува на него, за да може целосно да ги искористи своите потенцијали. Toj е продуктивен и додава вредност, не само на работа, туку и на општеството во целина. Неискористување на нашиот потенцијал е најголемиот грев.
Биди откачен, живеј го животот​Да се биде паметен и продуктивен не е доволно. Ако го правиш тоа без страст, ентузијазам и радост, ќе станеш само уште еден рационален, дисциплиниран, пресметлив робот кому само резултатите му се битни – со еден збор досаден. Затоа уживај, биди автентичен, покажи ги своите емоции, осмели се да бидеш поинаков, прави луди работи, и дозволи си да испаднеш “глупав“. Не грижи се што мислат другите, живеј го својот живот во потполност.
Но пред сѐ биди скромен и имај добро срцеПостојат многу паметни, и шармантни луѓе, со кои е забавно да си во друштво. Некои од нив се дури и генијални. Сепак, тоа не ги спречува некои од нив да бидат арогантни, па дури и да предизвикуваат страдање на другите. Она што вистински му треба на светот е повеќе понизност, добрина, сочувство, толеранција, така што да се има чисто срце е поважно од било што друго. Без скромност и добрина, не можеш да имаш други доблести.

Кој сум јас?

Добро прашање 😊

Англичанец, Швајцарец и Македонец се натпреварувале кој е повешт во стрелаштво. За таа цел нашле едно храбро момче и му ставиле јаболко на главата. Англичанецот се оддалечил 100 метри, го оптегнал лакот, ја испуштил стрелата кон метата и го погодил јаболкото на главата на момчето. „Јас сум од Англија, јас сум Робин Худ!“, рикнал како лав на цел глас. Потоа Швајцарецот решително се оддалечил на 200 метри. На главата на момчето ставил помало јаболко, ја повлекол стрелата наназад, и оооп… за дел од секундата јаболчето било преполовено. „Јас сум од Швајцарија, јас сум Вилијам Тел!“, гордо извикал. Соочен пред голем предизвик, Македонецот самоуверено го заменил јаболкото на главата на момчето со шумска јагода. Се оддалечи 500 метри. Длабоко концентриран застанал. Речиси престанал да дише. Воздухот бил полн со тензија. Меѓу присутните владеела апсолутна тишина. Го оптегнал лакот, ја повлекол стрелата наназад, и… го погодил кутрото момче точно во левото око, кое потоа паднало како покосено.

Продолжи со читање…

Обуки

Обука за обучувачи (ОзО)
Управување со проектен циклус (PCM)
Иновации и креативност
Лидерство и меки вештини
Како да се стане самовработен?

Други услуги каде што не сум лош

Фацилитирање на групни настани
Модерирање на конференции
Спроведување на проекти

МОЈАТА КНИГА

Две свеќи

Во овој искрен, помалку смешен и дефинитивно волшебен роман, таткото ја споделува со својата ќерка тајната за вoдење на радосен и исполнет живот, создавајќи прекрасна приказна околу две едноставни свеќи.  Носејќи ги со себе емотивните лузни од разводот и губењето на работата, таткото и неговата бунтовна тинејџерка тргнуваат на викенд авантура во планина, исполнет со неочекувани пресврти и емотивни издигнувања и падови.

„Две свеќи“ претставува водич за живеење на исклучителен живот, кој нуди длабоко навлегување во суштината на среќата преку само еден единствен збор. Оваа волшебна приказна го открива патот до внатрешниот мир и задоволство, користејќи ја трансформативната моќ за заздравување на срцето, откривање на скриените вистини и подмладување на духот.

ШТО ИМА НОВО

Новости од блогот

Искуства

Static overlay
Сашо Трајкоски
ИКТ консултант

Алек, колега, консултант, обучувач, пријател... е редок професионалец со кого е задоволство да се соработува и од кого може многу да се научи.
Криво ми е што до сега не сум ја прочитал неговата книга Две среќи и што немавме к'смет да испиеме пово, кога последниот пат беше во Франкфурт.

previous arrow
next arrow
contact

Контактирајте со мене